На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.

Досегашниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, италијанскиот генерал Џампјеро Романо, нагласи дека НАТО ја почитува воената неутралност на Србија, но тоа не ја спречува соработката.

„Професионалноста на српските војници е препознаена во меѓународните мисии, како оние во Либан и Централноафриканската Република, “, рече Романо.

Помошник-министерот за надворешни работи на Србија, Игор Кужелка, истакна дека во јавноста постои „негативен став кон НАТО“, потсетувајќи на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.

„Не смееме да ја заборавиме минатото, но мораме да гледаме напред“, изјави тој. 

globe

Слични новости

БиХ:  Момче со автомобил  ја скршило рампата на граничен премин и набргу загинало

БиХ:  Момче со автомобил ја скршило рампата на граничен премин и набргу загинало

На видеото кое е споделено на социјалните мрежи се слушаат два удари, од кои едниот е звукот на пробивањето на рампата, а на снимките од инцидентот се гледа дека полицајците побегнале кога сфатиле дека возачот нема намера да запре