На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.

Досегашниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, италијанскиот генерал Џампјеро Романо, нагласи дека НАТО ја почитува воената неутралност на Србија, но тоа не ја спречува соработката.

„Професионалноста на српските војници е препознаена во меѓународните мисии, како оние во Либан и Централноафриканската Република, “, рече Романо.

Помошник-министерот за надворешни работи на Србија, Игор Кужелка, истакна дека во јавноста постои „негативен став кон НАТО“, потсетувајќи на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.

„Не смееме да ја заборавиме минатото, но мораме да гледаме напред“, изјави тој. 

globe

Слични новости

Бојко Борисов: Ни треба редовна влада, политичкото его се покажува како голем проблем

Бојко Борисов: Ни треба редовна влада, политичкото его се покажува како голем проблем

Се чини дека политичкото его е многу голем проблем во Бугарија, потребна ни е редовна влада. Тоа го изјави лидерот на бугарската партија, ГЕРБ, Бојко Борисов, на денешните консултации со шефот на државата Румен Радев пред врачувањето мандат за формирање кабинет.

Ердоган најави отворање граничен премин за безбедно враќање на Сиријците

Ердоган најави отворање граничен премин за безбедно враќање на Сиријците

Турција го отвора својот граничен премин Јајладаги со Сирија за да управува со безбедно и доброволно враќање на милиони сириски мигранти во нивните домови, изјави во понеделникот претседателот Тајип Ердоган, откако бунтовниците го присилија претседателот Башар ал-Асад да ја предаде власта