На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.
Досегашниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, италијанскиот генерал Џампјеро Романо, нагласи дека НАТО ја почитува воената неутралност на Србија, но тоа не ја спречува соработката.
„Професионалноста на српските војници е препознаена во меѓународните мисии, како оние во Либан и Централноафриканската Република, “, рече Романо.
Помошник-министерот за надворешни работи на Србија, Игор Кужелка, истакна дека во јавноста постои „негативен став кон НАТО“, потсетувајќи на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.
„Не смееме да ја заборавиме минатото, но мораме да гледаме напред“, изјави тој.
Слични новости
Стотици напади врз полицијата и медиумите на северот на Косово
Косовскиот Институт за безбедност и отпорност – PREVENT објави извештај насловен „Безбедност на северот на Косово по терористичките напади во Бањска и каналот Ибер-Лепенц: Кои се следните чекори?“, јави РТК.
Судот во Смедерево утре ќе ги изрече пресудите за Урош и Радиша Блажиќ
Високиот суд во Смедерево утре ќе ја изрече првостепената пресуда за Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона, уби девет, а рани 12 лица.
Вучевиќ најави реконструкција на српската влада идната година во мај или јуни
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека реконструкцијата на владата ќе се случи напролет, во мај или јуни.