Земјите од НАТО разговараат за можноста за поедноставување на правилата што ќе овозможат соборување на руски борбени авиони доколку се појават над територијата на земјите-членки на алијансата.

Според весникот The Tepegraph, иницијативата има за цел создавање пофлексибилен систем за одговор во случај руските авиони наводно да претставуваат потенцијална закана.

Шефовите на одбранбените министерства сакаат руските авиони што носат ракети за напади врз копнени цели да се сметаат за можни цели.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте посочи дека алијансата ќе ги таргетира руските авиони за кои постои сомневање дека го нарушиле нејзиниот воздушен простор само ако се сметаат за закана.

Тензиите меѓу Москва и НАТО се зголемија минатиот месец кога Естонија повика на консултации на ниво на цела НАТО откако тврдеше дека три руски ловци „МИГ-31“ накратко го нарушиле нејзиниот воздушен простор.

Москва соопшти дека авионите биле на рутински лет до енклавата Калининград над неутрални води. Полска и Шведска предупредија по инцидентот дека се подготвени да соборат руски авиони ако продолжат наводните прекршувања. Кремљ ги опиша изјавите како „многу неодговорни и опасни“.

Во интервју за американската телевизија Fox News во средата, Руте тврдеше дека наводното руско навлегување во естонскиот воздушен простор „не било намерно, но сепак било неодговорно“. Овие дејствија се „неприфатливи“ и „мора да престанат“, рече тој.

 

Запрашан за можноста НАТО да нападне руски авиони, генералниот секретар одговори дека „имало некое недоразбирање во последните неколку седмици“ во врска со ова прашање.

„Доколку е потребно, НАТО може да ги собори овие авиони ако претставуваат закана. Ако не претставуваат закана, тие ќе бидат пресретнати, а потоа насочени надвор од воздушниот простор на блокот“, објасни тој.

Шефовите на одбраната на НАТО лобираа зад затворени врати за проширување на упатствата за ангажман на блокот за да се овозможи соборување на руски авиони што носат ракети за копнен напад, објави The Telegraph минатата седмица.

Според медиумот, врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, приватно повика на создавање „унифициран, единствен систем за воздушна и ракетна одбрана“ за справување со руските авиони. Поединечните членки на НАТО во моментов имаат различни правила за насочување на авиони над нивната територија.

Кон крајот на септември, рускиот амбасадор во Франција, Алексеј Мешков, предупреди дека ако која било земја-членка на НАТО удри руски авион, тоа „би значело војна“. Тој истакна дека „доста многу авиони [на воените сили на НАТО] случајно или не случајно го нарушуваат нашиот воздушен простор. И никој не ги соборува“.

globe

Слични новости

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков