Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и данската премиерка Мете Фредериксен на состанокот во вторникот се согласија дека сојузниците мора да се фокусираат на зајакнување на одбраната на Арктикот, изјавил за Reuters извор запознаен со разговорите.
„Тие се согласија дека сите сојузници имаат улога во овие напори“, рекол изворот по состанокот на двајцата челници.
Нивните разговори доаѓаат во време на голема загриженост, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп постојано изразува интерес Гренланд, автономна територија на Данска, да стане дел од Соединетите држави од неговиот реизбор во ноември.
Трамп рече дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека Данска мора да се откаже од контролата на стратешки важниот арктички остров и не ја исклучи можноста за употреба на воен или економски притисок за да ја постигне својата цел.
Трамп, исто така, има несогласувања со европските сојузници околу трошоците за одбраната и рече дека под негово претседателство САД „фундаментално ќе ја преиспитаат целта и мисијата на НАТО алијансата“.
Данска во понеделникот соопшти дека ќе потроши 14,6 милијарди дански круни, или околу две милијарди долари, за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот.
По средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, данската премиерка Мете Фредериксен рече дека политичките лидери во Европа и пошироко дале целосна поддршка на принципот за зачувување на почитувањето на меѓународните граници, што е уште една прикриена референца за интересот на Трамп за Гренланд, пренесува Reuters.
Слични новости
Трамп најави објект за илјадници мигранти во Гвантанамо
Затворот Гвантанамо беше основан во 2002 година од тогашниот претседател Џорџ В. Буш за странски осомничени исламистички милитанти
Водачот на операцијата за соборување на Асад прогласен за привремен претседател на Сирија
Поранешниот неофицијален лидер на сунитските исламистички бунтовници во Сирија, Ахмед ал-Шара, беше прогласен за шеф на државата во преодната фаза на власта во средата, со овластување да формира нов законодавен совет
Германскиот парламент ја поддржа резолуцијата за миграција со гласови на крајната десница
Планот од пет точки предвидува забрана за влез во Германија без валидни патни документи и за оние кои имаат намера да бараат азил во Германија