Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, повика земјите членки да ги подготват не само своите армии, туку и граѓаните, институциите, компаниите и службите за можноста од воен конфликт.

Тој предупреди дека руската воена машинерија продолжува да се развива и дека безбедносната закана за Европа нема да исчезне со завршувањето на војната во Украина.

Според него, граѓаните треба да знаат како да постапуваат во кризна ситуација, како да им помогнат на институциите и како да не го попречуваат функционирањето на воените и спасувачките служби.

Како пример ги посочи Норвешка, Шведска, Данска и Финска, кои веќе работат на подготовка на населението за можни кризни ситуации. Во овие земји граѓаните добиваат насоки за постапување во случај на војна, а во подготовките се вклучени и полицијата, здравствените служби, пожарникарите и другите институции.

Тој повика и на поголеми инвестиции во воената индустрија, посочувајќи дека побарувачката за оружје и муниција сè уште е поголема од производствените капацитети.

НАТО очекува следната година да може да произведува околу четири милиони артилериски гранати, речиси двојно повеќе отколку во 2025 година.

Слични новости

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.