На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов на заедничката прес-конференција со портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, како и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
Како што посочи Настов, шесте пациенти на кои им е направена трансплантацијата се со трет степен на изгореници, додека кај останатите пациенти продолжуваат редовните преврски и веќе во текот на наредната недела се очекува да бидат пуштени на домашно лекување. Но, како што рече, ситуацијата е флуидна и може да се смени од час во час.

„Во однос на актуелната здравствена состојба на пациентите од болницата од која што доаѓам, а тоа е Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, во моментов се хоспитализирани 10 пациенти, од кои на шест е веќе направена трансплантација на кожа заради тоа што тие беа пациенти со највисок степен на изгореници, односно трет степен. Кај останатите пациенти продолжуваат редовните преврски и веќе во текот на наредната недела според плановите кои што ги имаме, иако морам да повторам дека ситуацијата е многу флуидна и може да се смени од час во час, се планираат првите испусти за дома“, рече Настов
Во врска со пациентите кои се лекуваат во странските држави, Настов посочи дека тие до одредена фаза ќе се лекуваат таму, но, како што рече, во одредена фаза ќе треба да се вратат и повторно да бидат сместени во хоспиталните капацитети во земјава, за што, рече, се прават протоколи и координации како ќе оди враќањето на пациентите во зависност од темпото со кое ќе бидат испишувани.
„Пациентите кои се лекуваат надвор од земјава до одредена фаза ќе се лекуваат во странските држави кои ни излегоа во пресрет, но во одредена фаза истите тие ќе дојде време кога ќе треба да се вратат во нашата држава и кога ќе треба повторно да бидат сместени во болниците, односно во сите хоспитални капацитети во државата. За таа цел, се прават протоколи и координации меѓу Министерството за здравство, Министерството за надворешни работи и Службата за општи и заеднички работи на Владата во која координација ќе оди враќањето на пациентите во зависност од темпото со кое ќе бидат испишувани од болничките установи од странство“, рече Настов.
Прашан за тоа каква е состојбата на шесте пациенти кои се лекуваат во странство и се во критична здравствена состојба, Настов посочи дека ќе има информација по денешниот состанок на Кризниот штаб, бидејќи, како што рече, болниците од странските држави за состојбата на пациентите брифираат еднаш дневно.
„Во моментот ги немам тие информации заради тоа што имаме состанок на Кризниот штав од 14 часот, а тогаш обично ги добиваме вестите и верувајте дека болниците еднаш во денот брифираат за состојбата, а не на еден час или пола час. Така што, тие податоци би ги имале по 14 часот“, посочи Настов.
Слични новости
Рокас: Реформската агенда не е лек за сите болести туку заеднички напор за трансформирање на општеството на патот кон ЕУ
Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економкста конвергентност пред пристапувањето, истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас
Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста
Како дел од најмоќното воено семејство рамо до рамо со нашите сојузници подготвени сме да ги браниме суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји согласно концептот за одвраќање и одбрана на Алијансата, истакна меѓу другото началакникот на Генералштабот на Амијата
Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните
Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе се развива од сите аспекти и ќе се прилагодува на новите предизвици со една цел, подобар, побезбеден и поквалитетен живот за сите граѓани, порача министерот за одбрана Владо Мисјаловски