Досегашниот фудбалер на Црвена Ѕвезда Насер Џига потпиша договор со Вулверхемптон до 2030, соопшти англискиот клуб. Според информациите на српските медиуми, Црвена Ѕвезда ќе добие обештетување од 12 милиони евра плус 10 проценти од следниот трансфер на Џига.

Вулхерхемптон соопшти дека се радува што ќе го види Џига во семејството на „Волците“, но не соопшти детали за платата на Насер Џига. Претседателот на Вулверхемптон Џеф Ши изјави дека станува збор за силна инвестиција за Вулверхемптон затоа што овој фудбалер има голем потенцијал.

Насер Џига има 22 години, во Ѕвезда дојде во 2023, а пред тоа играше на Ним, Базел и Витесе.

 

Слични новости

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс