Американската Национална администрација за аоронаутика и вселената НАСА го лансираше од Флорида првиот лет со човечка посада кон Месечината по повеќе од 50 години во мисијата Атремис 2 . Ракетата беше лансирана со капсулата Орион од вселенскиот центар Кенеди на Флорида, со посада во која се тројца Американски и еден Канаѓанин.

„Артемис 2 е мисија која значи наше враќање на Месечината, но не само за да ја посетиме, туку на крајот да останеме на нашата база на Месечината и поставува темели за следните огромни скокови кои се пред нас“ изјави администраторот на НАСА Џаред Исакман.

Успешното лансирање претставува почеток на мисијата која ќе трае приближно десет дена за космонаутите на НАСА и треба да ги постави темелите за трајно присуство на Месечината, пред таквите идни мисии на Марс.

Слични новости

Слика од Пикасо за 100 евра

Слика од Пикасо за 100 евра

Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“