Програмата на НАСА Артемис 2 успешно беше окончана со враќањето на четворицата астронаути кои ја облетеа темната страна на Месечината, со што човековиот лет во длабоката вселена повторно стана една од главните светски теми, пишува Би Би Си.

Иако мисијата на леталото Орион мина беспрекорно, стручњаците предупредуваат дека вистинскиот предизвик, како што е изградба на база на Месечината, допрва претстои.

Администраторот на НАСА Џаред Ајзекман постави план за едно слетување на посада на Месечината од 2028, кога би требало да отпочне и изградбата на лунарната база.

НАСА брза слетувањето да го оствари до 2028, затоа што Кина планира да слета на Месечината во 2030, со поедноставен пристап од американскиот.

 

Слични новости

Ендру Маунбатен-Виндзор, поранешниот Принц Ендру е упасен во Велика Британија

Ендру Маунбатен-Виндзор, поранешниот Принц Ендру е упасен во Велика Британија

Ендру Маунбатен-Виндзор, син на починатата Кралица Елизабета Втора и брат на Кралот Чарлс Трети е успасен во Велика Британија и останува во притвор.
Би Би Си извести дека Ендру Маунбатен бил уапсен поради непристојно однесување во јавна служба.