Програмата на НАСА Артемис 2 успешно беше окончана со враќањето на четворицата астронаути кои ја облетеа темната страна на Месечината, со што човековиот лет во длабоката вселена повторно стана една од главните светски теми, пишува Би Би Си.

Иако мисијата на леталото Орион мина беспрекорно, стручњаците предупредуваат дека вистинскиот предизвик, како што е изградба на база на Месечината, допрва претстои.

Администраторот на НАСА Џаред Ајзекман постави план за едно слетување на посада на Месечината од 2028, кога би требало да отпочне и изградбата на лунарната база.

НАСА брза слетувањето да го оствари до 2028, затоа што Кина планира да слета на Месечината во 2030, со поедноставен пристап од американскиот.

 

Слични новости

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.