Извршниот одбор на Народната банка (НБ) денеска одржа редовна седница и одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4%.

На седницата беа разгледани најновите податоци за светската и домашната економија, како и движењата на финансиските пазари, во контекст на монетарната политика.

НБ информира дека на аукцијата на благајнички записи на 25 март ќе се понудат 36 милијарди денари, а идните аукции ќе се определуваат според ликвидносната позиција на банкарскиот систем.

Досегашните мерки за задолжителна резерва и макропрудентни мерки обезбедуваат дополнителна поддршка за претпазливата политика на централната банка.

Одлуката за каматната стапка се носи во услови на зголемена светска неизвесност поради воениот конфликт на Блискиот Исток, кој веќе влијае врз цените на енергенсите и снабдувањето со нафта.

Во вакви услови, ЕЦБ ја задржа каматната стапка, ревидирајќи ја инфлацијата нагоре, а растот надолу.

 

Слични новости

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денеска е во посета на Унгарија. Посетата се случува во време кога изборната кампања во Унгарија е во полн ек, а пред парламентарните избори закажани за 12 април.