Народната банка на Кина ги задржа основните каматни стапки на едногодишни кредити на рекордно ниски 3 насто.
Освен тоа, банката ја задржа каматната стапка на повеќегодишни кредити подолги од пет години која за многу заемодаватели е референтна вредност за хипотекарни кредити на 3,5 насто, што исто така претставува рекордно ниска вредност, пренесе Синхуа.
Двете каматни стапки не се променети веќе 17 месеци, а последен пат промената се случи во мај 2025 кога каматните стапки беа намалени.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.