Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во текот на ноќта, а во недела и понеделник на одделни места се очекуваат и пообилни врнежи.
Според прогнозата на метеоролозите, во сабота времето ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Повеќе дожд се очекува во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 4 степени во Маврово до 12 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од 7 до 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб северен ветер, а температурата ќе се движи од 9 до 14 степени.
Слични новости
Бензините поевтинуваат за пет денари, дизелот со иста цена
Од ноќеска на полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат поевтино за пет денари за литар, соопштија од компанијата „Макпетрол“. Со новите цени, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 91 денар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 93 денари.
Гужва пред српската, празно пред бугарската амбасада – различен интерес за гласањето во Скопје
Празно пред бугарската амбасада, гужва пред српската. Ваква е сликата од гласањето на бугарските и српските државјани во Скопје на изборите во нивните држави.
СДСМ: Цените растат, минималната плата останува 26.000 денари
Опозицискиот СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски не презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, додека трошоците за живот и цените продолжуваат да растат.


