Евролигата е и натаму подготвена да разговара со НБА за можен договор за европскиот пазар, но нејзиниот извршен директор Чус Буено предупреди дека започнувањето на конкурентско натпреварување може да доведе до дополнителни поделби на европската кошарка.

Сопствениците на клубовите на Евролигата го одбија предлогот за соработка со американската НБА лига, но НБА лигата продолжува со подготовки на нова европска лига од 2027, поради што се повеќе се зборува за можноста во Европа истовремено да има две големи клупски натпреварувања.

Планот на Евролигата е нејзината вредност во наредната декада да се зголеми од 1,4 на 7,9 милијарди евра и во неа да учествуваат 24 клуба, а во случај некој од клубовите да сака да ја напушти Евролигата, според договорите. Ќе треба да плати надомест и до 80 милиони евра.

Слични новости

Четврти пораз во низа на Србија

Четврти пораз во низа на Србија

Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.