Иран соопшти дека е постигнат напредок за време на преговорите со Оман за управувањето на сообраќајот низ Ормутскиот теснец, а преговорите меѓу двете страни продолжуваат.
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Исмаил Багеи изјави дека разговорите се водат на ниво на заменици министри за надворешни работии дека тие се фокусирани на безбедно одвивање на поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп и нареди на американската војска да ги запре нападите врз Иран за да се овозможи дипломатско решение на судирот. Откако 13 денови по ред Трамп ги одобруваше нападите на американската војска, од петокот Трамп не ја одобрува нивната примена и нареди војската да се воздржи од нови напади.
Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека смета оти стратегијата за договор со Иран е паметна, но предупреди дека Американците имаат можност да продолжат со ударите и да ги интензивираат за да „уништат се што имаат Иранците“.
Трамп им порача на новинарите дека Техеран станува „се посериозен во разговорите“.
Слични новости
Иран: Американските носачи на авиони се далеку од нашиот брег
За време на судирите американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ беше погоден и тешко оштетен, а според сведочењата на посадата, носачот едвај бил спасен. Американските медиуми известија дека носачот се враќа во американската поморска база во Сан Диего.
Трамп: Иран сеуште не е подготвен за вистински договор
Трамп рече дека САД имаат целосна контрола врз целиот регион поврзан со Ормутскиот теснец, вклучувајќи го и копненото подрачје. „Би сакале да постигнеме договор, но Техеран, спорд моето мислење, не е подготвен да постигне вистински договор“ изјави Трамп.
САД и воведоа царини на Канада од 50 насто, Карни најави жесток одговор
Соединетите Американски Држави денеска воведоа царини од 50 проценти на канадските производи во вредност од 20 милијарди долари. Царините уследија откако преговорите меѓу двете земји пропаднаа и не успејаа да ги релаксираат напнатите односи.


