Водечкиот тим во италијанското фудбалско првенство Наполи одигра нерешено 1:1 против Удинезе во последниот натпревар од неделната програма во 24. коло од Серија А.
Наполи поведе во 37. минута со голот на Скот Мектоминај, а само четири минути подоцна израмни Јирген Екеленкамп. Домашната екипа имаше далеку поголем посед на топката во преостанатиот дел од натпреварот (62-38), со 18 удари наспрорит осум, но повеќе немаше голови.
Ова е второ последователно реми за Наполи откако исто така ремизираше 1:1 со Рома и осми натпревар во низа без пораз. Водечкиот Наполи има 55 бода, четири повеќе од второпласираниот Интер, кој в понеделник ќе се соочи со Фиорентина.

Во претходниот натпревар Лацио ја совлада Монца со 5:1, додека Каљари освои важни три бода против Парма во борбата за опстанок во првата лига.
Головите за римскиот клуб ги постигнаа Адам Марушиќ (31), Педро (57, 77), Тати Кастеланос (63) и Фисајо Деле-Баширу (88), додека кај гостите погоди Стефано Сенси (86-11м).
Каљари ја совлада Парма со 2:1 и освои важни три бода во борбата за прволигашки опстанок. Алесандро Вољако (57-аг) и Флоринел Коман (70) погодија за домаќините, а Џовани Леони (78) за Парма. Каљари се искачи на 13. место, додека Парма падна на 18. позиција.
Во првиот натпревар во неделата Рома ја совлада Венеција со 1:0 на гостински терен. Голот за три бода го постигна Аргентинецот Пауло Дибала во 57. минута со прецизно изведен удар од белата точка.
Рома со деветтата победа стигна до 34 бода, но сепак остана на деветтото место на првенствената табела, додека Венеција со 16 бодови е на претпоследната, 19-та позиција.
Слични новости
Евролига: Баерн го оддалечи Партизан од доигрувањето
Кошаркарите на Партизан беа поразени од Баерн Минхен со 89:74 (21:23, 21:21, 23:19, 24:11) во 32. коло од Евролигата, со што шансите за пласман во баражот во Евролигата ги намалија на минимум
Одржана жрепката за Евробаскет
Жрепката за годинешното Европско првенство во кошарка беше одржана во летонскиот главен град Рига
Мбапе најмногу заработува во Европа, а Халанд во Премиер лигата
Францускиот спортски весник L’Equipe објави истражување за најплатените играчи и тренери во водечките европски фудбалски клубови, а најголемите бруто плати ги имаат напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне