Водечкиот тим во италијанското фудбалско првенство Наполи одигра нерешено 1:1 против Удинезе во последниот натпревар од неделната програма во 24. коло од Серија А.

Наполи поведе во 37. минута со голот на Скот Мектоминај, а само четири минути подоцна израмни Јирген Екеленкамп. Домашната екипа имаше далеку поголем посед на топката во преостанатиот дел од натпреварот (62-38), со 18 удари наспрорит осум, но повеќе немаше голови.

Ова е второ последователно реми за Наполи откако исто така ремизираше 1:1 со Рома и осми натпревар во низа без пораз. Водечкиот Наполи има 55 бода, четири повеќе од второпласираниот Интер, кој в понеделник ќе се соочи со Фиорентина.

Во претходниот натпревар Лацио ја совлада Монца со 5:1, додека Каљари освои важни три бода против Парма во борбата за опстанок во првата лига.

Головите за римскиот клуб ги постигнаа Адам Марушиќ (31), Педро (57, 77), Тати Кастеланос (63) и Фисајо Деле-Баширу (88), додека кај гостите погоди Стефано Сенси (86-11м).

Каљари ја совлада Парма со 2:1 и освои важни три бода во борбата за прволигашки опстанок. Алесандро Вољако (57-аг) и Флоринел Коман (70) погодија за домаќините, а Џовани Леони (78) за Парма. Каљари се искачи на 13. место, додека Парма падна на 18. позиција.

Во првиот натпревар во неделата Рома ја совлада Венеција со 1:0 на гостински терен. Голот за три бода го постигна Аргентинецот Пауло Дибала во 57. минута со прецизно изведен удар од белата точка.

Рома со деветтата победа стигна до 34 бода, но сепак остана на деветтото место на првенствената табела, додека Венеција со 16 бодови е на претпоследната, 19-та позиција.

globe

Слични новости

Лаутаро Мартинез не игра за Аргентина

Лаутаро Мартинез не игра за Аргентина

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, објави во средата аргентинската федерација