Наполи ја разгледува можноста за трансфер на играчот од средниот ред на Манчестер сити, Џек Грилиш или играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, пишува „The Sun“.За трансфер на еден од овие играчи во Наполи се издвоени 53 милиони евра.

Наполи би сакал да го ангажира Грилиш во летниот преоден рок, но трансферот на Гарначо би можел да биде попрофитабилна зделка на долг рок.

Во мнатата сезона 29-годишниот Англичанец Грилиш постигна три гола и пет асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања за Манчестер сити. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2027 година.

Порталот Трансфермаркт ја проценува неговата трансфер вредност на 28 милиони евра.

Дваесетгодишниот Аргентинец Гарначо на 58 натпревари за Манчестер јунајтед постигна 11 гола и подели 10 асистенции. Неговиот договор со Манчестер јунајтед е до 30 јуни 2028 година.

„Тransfermarkt“ ја проценува вредноста на трансферот на играчот на 45 милиони евра.

 

Слични новости

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, изјави директорот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон за италијанските новинари.