Германските власти го обвинија осомничениот за смртоносниот напад на божикниот базар во градот Магдебург, во кој загинаа пет и беа повредени 200 лица, по повеќе точки од обвинението за убиство и обид за убиство, меѓу другите обвиненија, соопштија од полицијата рано утрото во неделата.
Осомничениот, идентификуван како педесетгодишиот Талеб А. според германските закони за приватност, се соочува со пет точки од обвинението за убиство, повеќекратни точки за обид за убиство и повеќе точки за нанесување тешки телесни повреди и останува во притвор, соопшти полицијата.
Мажот беше изведен пред судија во саботата вечерта.
Се вели дека осомничениот ги користел лентите за итни случаи преку кои протатнел низ божикниот базар во петокот, прегазувајќи луѓе со голема брзина. Убиени се четири жени на возраст од 45, 52, 67 и 75 години, како и едно деветгодишно момченце.
Нападот предизвика шок и тага не само во Германија, туку и во целиот свет.
Инспекторите велат дека осомничениот делувал сам, бидејќи според нивните сознанија нема индиции дека има друг сторител.
Магдебург е град со околу 237.000 жители во провинцијата Саксонија-Анхалт, на околу 150 километри западно од Берлин.
Талеб А. е 50-годишен доктор од Саудиска Арабија, познат како исламски критичар. На социјалните мрежи тој се чини дека изразува антиисламски ставови и поддршка за екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD), тврдејќи дека германските власти не прават доволно за да се борат против исламизмот.
Откако претходно се залагал за правата на жените од Саудиска Арабија да избегаат од нивната земја, тој подоцна ги советувал да не бараат азил во Германија, пишувајќи на својата веб-страница на англиски и арапски: „Мој совет: не барајте азил во Германија“.
Мотивот сè уште не е доволно јасен за да се направи конечна проценка, но и покрај природата на нападот, нема индиции дека бил исламистички мотивиран, изјави висок претставник на органите на редот.
Безбедносни извори од Саудиска Арабија рекоа дека ја предупредиле Германија за осомничениот напаѓач и побарале негова екстрадиција, но Германија не одговорила.
Слични новости
Папата повторно ја осуди „суровоста“ на израелските напади врз Газа
Папата Франциск во неделата повторно ја осуди „суровоста“ на израелските воздушни напади врз Газа, откако веќе го стори тоа во саботата и беше критикуван од израелските власти за „двојни стандарди“
Мелони по победата на Салвини на суд вели дека е задоволна од актуелниот министер
Италијанската премиерка Џорџа Мелони во неделата изјави дека е задоволна од актуелниот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси, откако судот го ослободи вицепремиерот Матео Салвини, кој претходно ја извршуваше таа функцијата
Трамп го избра милијардерот Фертита за амбасадор во Италија
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека ќе го номинира милијардерот сопственик на професионалниот кошаркарски клуб Хјустон Рокетс Тилман Фертита за амбасадор на неговата администрација во Италија