Американската фудбалерка, 24-годишната Наоми Горма мина од Сан Диего Вејв во лондонски Челзи, соопшти англискиот клуб.

Гирма се пресели од САД на Островот потпишувајќи 4,5-годишен договор со Челзи за отштета од 1,1 милион долари, со што стана најскапата фудбалерка во историјата.

 

Претходниот рекорден износ за трансфер на фудбалерка изнесуваше 862.000 долари, што Беј ФК го плати во февруари 2024 година за пристигнувањето на 24-годишната замбиска репрезентативка Рахеал Кунданањи од Мадрид КФФ.

„Има многу работи за овој клуб кои ме натераа да посакам да дојдам овде – културата, победничкиот менталитет, персоналот и играчите. Тоа е одлична средина за учење и напредување“, изјави Гирма за клупската веб-страница.

Младата Американка важи за една од најдобрите светски дефанзивки.

„Наоми е дефанзивец од светска класа, кој сега влегува во најдобрите години од нејзината кариера“, додаде шефот на женскиот фудбал во лондонскиот клуб Пол Грин.

Гирма забележа 44 настапи за репрезентацијата на САД и постигна два гола. Таа го предводеше американскиот тим до олимпиското злато во Париз минатата година.

globe

Слични новости

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс