На самракот на ерата на диносаурусите, еден агилен и злобен предатор наречен Нанотиранус талкал низ западна Северна Америка, помала верзија на Тираносаурусот – околу една десетина од неговата големина, но со неколку клучни анатомски разлики.
Нова студија од Државниот универзитет во Северна Каролина и Музејот за природна историја на Северна Каролина, објавена во списанието Nature, заклучува дека Нанотиранусот – центарот на долгогодишната дебата меѓу палеонтолозите за тоа дали предаторот бил само тинејџерска верзија на Тираносаурусот – всушност бил посебен род на диносаурус.
Истражувачите ги испитале фосилите од Нанотиранусот ископани во 1942, 2001 и 2006 година во американската сојузна држава Монтана, кои датираат од пред околу 67 милиони години, и утврдиле од карактеристиките во коските, вклучувајќи ги и годишните прстени за раст, дека единките биле возрасни а не млади.
Откриле, исто така, дека Нанотиранусот е анатомски различен од својот поголем братучед по тоа што има повеќе заби, гребен пред очите, воздушен синус во специфична коска на задниот дел од черепот и присуство на закржлавен трет прст, за разлика од двопрстиот Тираносаурус.
Нанотиранусот и Тираносаурусот се од лозата месојадни диносауруси наречени тираносауруси, но тие не биле ист род, велат истражувачите. Род е група на тесно поврзани видови кои делат слични карактеристики. На пример, лавовите, тигрите, леопардите и јагуарите припаѓаат на истиот род, Пантера, но секој претставува различен вид.
Името на родот Тираносауросот значи „гуштер тиранин“, а името на видот „rex“ значи „крал“. Името на родот Наноторанус значи „џуџест тиранин“.
„Ти-рекс бил огромен предатор со неверојатна сила на загризување. Нанотиранусот бил тенок, агилен предатор кој можел да трча во кругови околу кралот тиранин“, вели палеонтологот Линдзи Зано, водечкка авторка на студијата.
Според неа, новата анализа става крај на дебатата за Нанотиранусот.
„Не е биолошки можно да се заклучи дека станува збор за млад Ти-рекс“, додава Зано.
Разликата во нивната големина била огромна. Нанотиранусот имал околу 10 отсто од телесната маса на Ти-рексот, околу 700 наспроти 7.000 кгр. И бил околу половина од големината – околу 5,5 метри наспроти околу 12,2 метри во должина и 2 метри наспроти 4 метри во висина.
„Нанотиранисотт и Ти-рексот се впечатливо различни“, рече палеонтологот и анатом Џејмс Наполи од Универзитетот Стони Брук во Њујорк, коавтор на студијата.
Нанотиранусот бил предатор создаден за брзина и агилност, со долги нозе, долга муцка со заби слични на сечило и моќни раце за манипулирање со пленот. Тираносаурусот бил колосален предатор создаден за сила, со крупни нозе, огромна глава, дебели заби во облик на банана и значително смалени раце.
„Претпоставувам дека овие два вида повремено се судирале, како што обично прават предаторите, но долгите нозе и малата големина на Нанотиранусот сугерираат дека тој најчесто ловил помал, побрз плен од Тираносаурусот“, објаснува Наполи.
Слични новости
Гиљермо дел Торо добитник на наградата на Британскиот филмски институт
Наградата BFI Fellowship, претхдно ја добија славните режисери Орсон Велс, Мартин Скорцесе и Акира Куросава.
„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари
„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.
50 години од легендарната песна „Боемска рапсодија“ на Квин
Пред точно половина век, есента во 1975 британската рок група „Queen“ го објави својот четврти студиски албум A night at the Opera, a шестминутната необична композиција „Bohemian rhapsody“ беше избрана за водечки сингл на албумот.


