367 одобренија за градење се издадени во јули годинава, што е за 8.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за 74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената вредност се должи на фактот дека во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227 се наменети за објекти од високоградба, 39 за објекти од нискоградба и 101 за објекти за реконструкција.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
