На најголемите азиски берзи денеска е забележан нагло паѓање на вредноста на акциите, пренесоа светските медиуми.

Во извештаите се наведува дека акциите остро паднаа откако САД и Иран упатија закани дека ќе го интензивираат вооружениот судир кој влегува во четвртата недела, пренесе Би Би Си.

Јапонскиот Никеи падна за 4,8 насто, додека берзата во ЈУжна Кореја забележи пад од 5,5 проценти.

Цената на нафтата и натаму флуктуира. Денеска нафтата Брент се продава за 111 долари за барел, а американската сирова нафта се продава за 98 долари за барел.

Слични новости

Цената на нафтата се стабилизира

Цената на нафтата се стабилизира

Цените на нафтата утрово стагнираат по големите флуктуации на почетокот на неделата иако Иран сè уште не дозволува танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, што не го спречува извозот на нафта од Блискиот Исток.