Големиот египетски музеј (GEM) воведе нови мерки за управување со приливот посетители кои се доаѓаат да ја видат неговата колекција од древни египетски артефакти последните две седмици од официјалното отворање.
Од овој викенд влезниците може да се резервираат само за одредени термини, а од почетокот на декември до натамошно известување, посетителите ќе мора да купат билети преку интернет пред да пристигнат, според соопштението од управата на музејот.
Музејот, сместен во близина на пирамидите во Гиза, беше отворен на 1-ви оември со раскошна церемонија на која присуствуваа десетици светски челници и претставници на медиумите.
Портпаролот рече дека во просек околу 19.000 луѓе го посетуваат музејот секој ден за да ја видат колекцијата, која вклучува артефакти од гробницата на кралот Тутанкамон и 42-метарскиот сончев брод на кралот Кеопс (Куфу). Бројките ги надминаа очекувањата на египетските власти.
За време на неколкуте посети, новинар на германската новинска агенција dpa бил сведок на голем број посетители на музејот од утрото па во остатокот на денот, вклучувајќи многу локални жители.
Египетскиот весник al-Masry al-Youm изестува за значително зголемување на интересот кај Египќаните за историјата на нивната земја поради огромниот медиумски интерес во времето на отворањето на музејот.
Доколку сегашниот број посетители продолжи во текот на целата година, Големиот египетски музеј би можел да стане еден од најпосетуваните музеи во светот. Само Лувр во Париз и Националниот музеј на Кина во Пекинг имаа поголем просечен број посетители минатата година.
Слични новости
Гиљермо дел Торо добитник на наградата на Британскиот филмски институт
Наградата BFI Fellowship, претхдно ја добија славните режисери Орсон Велс, Мартин Скорцесе и Акира Куросава.
„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари
„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.
50 години од легендарната песна „Боемска рапсодија“ на Квин
Пред точно половина век, есента во 1975 британската рок група „Queen“ го објави својот четврти студиски албум A night at the Opera, a шестминутната необична композиција „Bohemian rhapsody“ беше избрана за водечки сингл на албумот.


