Најмалку 64 лица загинаа, а повеќе од 179 се повредени во судирот на двата воза утрово во Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, покажуваат најновите податоци од Службата за цивилна заштита во Кастиља-Ла Манча, објавени од шпанските медиуми.
Припадниците на Цивилната гарда на местото на железничката несреќа изјавија дека најмалку четири вагони се превртени.
Портпаролката на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча, Естер Падиља, потврди дека сите повредени се евакуирани од возовите и дека спасувачките екипи ќе продолжат да ги извлекуваат телата.
Шпанското Министерство за транспорт како првична хипотеза идентификуваше дека човечка грешка од страна на диспечерот на железничката инфраструктура е главна причина за катастрофата, пишува Еј-би-си, еден од највлијателните шпански дневни весници.
Слични новости
Хегсет: Освен санкциите САД не ја исклучуваат и употребата на воена сила против Иран
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американската администрација не ја исклучува употребата на воена сила против Иран, иако официјален Вашингтон воведе ригорозни санкции против Иран.