Независниот синдикат на наставниците на Србија соопшти дека во понеделник прекин на наставата ќе има во повеќе од 35 отсто од училиштата во земјата.
„Во овој момент, според податоците со кои располага Самостојниот синдикат на наставниците на Србија, во повеќе од 35 проценти од училиштата мнозинството вработени одлучиле утре да нема настава, а декларацијата во училиштата продолжува и денеска, со тренд на значително зголемување на тој број“, пренесуваат медиумите.
Предупредување кон училишните работници вчера упатија премиерот, министерот за образование, просветниот инспекторат и голем број директори.
„Во владините кругови владее голема паника, бидејќи сега е извесно дека договорот меѓу Владата и таканаречените репрезентативни синдикати за раздвојување на наставниците и учениците не успеа“, се вели во соопштението.
Самостојниот синдикат на наставниците на Србија додава дека „ќе обезбеди правна помош за сите кои се цел на незаконски дејствија и репресија на владата“. Оттаму додаваат и дека учениците кои се на блокади наводно им изразиле поддршка на наставниците и најавиле дека ќе се приклучат на утрешниот протест на наставниците во Белград.
Слични новости
Поради земјотресите на Санторини затворени училиштата, воведени дополнителни летови
Од петокот се забележани земјотреси меѓу вулканските острови Санторини и Аморгос во Егејското Море, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата
Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток.
Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави
Во Свиленград денеска ќе се одржи официјалната церемонија со која ќе започнат активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница, соопшти бугарското МВР