Бројката на загинати по разорниот земјотерс во Колумбија надмина 250 луѓе. Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините.
Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината го потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот.
Станбени згради, куќи, училишта и здравствени центри се оштетени, делумно или целосно урнати.
Според податоците од локалните власти, 101 лице загинало во Переира, а 95 во Кали, третиот по големина град во Колумбија.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.