Германските компании се соочуваат со уште една тешка година и околу една третина од нив имаат намера да го намалат работните места, откри германскиот економски институт IW во своето најново истражување.

Околу 36 отсто од компаниите во најголемата економија во Европа планираат да ја намалат својата работна сила следната година, што е точно двојно повеќе од уделот на оние што планираат да создадат нови работни места.

Расположението е особено мрачно во индустрискиот сектор, каде што околу 41 отсто од анкетираните компании планираат да намалат работни места, а само околу една од седум компании очекува да вработи нови работници.

Анкетата на IW покажува ограничен оптимизам кај компаниите за следната 2026 година, по двете последователни години стагнација на активноста.

Само околу една четвртина од компаниите очекуваат поголемо производство или деловна активност следната отколку во тековната 2025 година, додека речиси една третина предвидуваат пад, покажа анкетата објавена во неделата.

Расположението е најмрачно во индустријата, со негативни очекувања за производството следната година, поради трговските конфликти, геополитичките нарушувања, ризиците во снабдувањето со суровини и високите регулаторни трошоци, трошоците за енергија и работната сила.

Продолжената криза, исто така, ги намалува инвестициите, а анкетата покажа дека една третина од компаниите планираат да ги намалат инвестициските буџети за следната година. Само околу една четвртина од испитаниците очекуваат поголеми инвестиции, открива институтот.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена