Премиерот Христијан Мицкоски вечерва рече дека се проверени повеќе од 60 – 70 локали, дури и оние со важечки лиценци, но повеќето од половината не ги исполнувале минималните технички услови. Оваа информација, како што истакна, ја добил од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Во гостување на ТВ Сител, Мицкоски напомена дека разговарал со претседателот на ЗЕЛС и од него побарал итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите објекти што се под општинска надлежност, а комуналните инспектори да излезат на терен за да ги проверат надстрешниците на објакетите, терасите,…

„Пред да дојдам тука добив инофрмација од ДПИ дека се проверени повеќе од 60 – 70 локали, дури и оние со важечки лиценци. Повеќето од половината не ги исполнуваат минималните технички услови и тоа е најголемиот проблем. Разговарав и со претседателот на ЗЕЛС, итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите објекти што се под општинска надлежност, комуналните инспектори да излезат на терен да ги прверат надстрешниците, терасите,…“, истакна премиерот.
Во врска со трагедијата во Кочани, потенцира дека никој нема да биде поштеден и ќе има одговорност за секого што постапил незаконски, независно од која партија е, дали е Македонец, Албанец, муслиман, христијанин,…
Премиерот ги пофали обвинителите, дека веднаш излегле на терен, како и дека работат заедно со Министерството за внатрешни работи, постојано, по 16–17 часа на ден.
Слични новости
Одреден притвор за седум службеници на МВР
Триесетдневен притвор за седум полициски службеници на Министерството за внатрешни работи од Штип и Кочани определи во средата вечерта Кривичниот суд во Скопје
Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата на државната санитарна инспекција и, како што рече, во министерството констатирале дека има предуслови да се разреши директорот на Кумановската болница
Седум полициски службеници од Кочани и Штип осомничени за тешки дела против општата сигурност, доставен предлог за притвор
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници