Цените на нафтата паднаа под 72 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи одлуката на водечките производители да го одложат зголемувањето на понудата само ги ублажи проценките за вишок следната година.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше пониска за 72 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 71,37 долари. За исто толку барелот поевтини на американскиот пазар каде се тргуваше по 67,58 долари.
Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека во четвртокот цената на барелoт од референтната нафтена кошница на нејзините членки паднала за 1,24 долари, на 72,19 долари.
Пазарите оваа седмица се фокусираа на состанокот на OPEC и нејзините сојузници големи независни производители предводени од Русија за производната политика. Во четвртокот оваа групација позната како OPEC+ повторно го одложи зголемувањето на понудата, за три месецa, до почетокот на април. Го поместиле и рокот за целосно нормализирање на испораките за една година, до крајот на 2026 година.
Според аналитичарите, одлуките само ќе го ублажат очекуваниот суфицит на пазарот во следната година.
Британската банка HSBC сега очекува нешто помал суфицит следната година, од 200.000 барели дневно, се вели во белешката за коминтентите. Досега очекуваа дека понудата ќе ја надмине побарувачката за половина милион барели дневно.
„Пазарот повеќе или помалку би балансирал во следната година ако OPEC+ уште еднаш го одложи зголемувањето на понудата, што не е исклучено“, според HSBC Global Research.
Меѓународната агенција за енергија (IEA), која ги советува членките на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), вклучително и групата големи потрошувачи, процени дека во 2025 година понудата ќе ја надмине побарувачката за милион барели дневно поради очекуваните послаб раст на кинеската економија и постепена транзиција на камионите на почисто гориво.
Другите независни производители, предводени од САД, силно ќе ги зголемат испораките, забележува IEA во образложението на проценката.
Слични новости
Светската побарувачка на јаглен руши рекорди
Побарувачката ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат сè поголема улога во производството на електрична енергија
Забрзана инфлацијата во ЕУ
На ниво на 27-члената Европска унија, годишната стапка на инфлација во ноември изнесува 2,5 отсто, откако во октомври беше зголемена за 2,3 отсто
Домаќинствата од јануари ќе плаќаат за 0,92 отсто поскапа струја
Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари 2025 ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.