Мјузиклот „Мама миа“ еден од нјгледаните мјузикли во историјата на театарската индустрија беше одигран за последен пат на Бродвеј. Во последната недела од прикажувањето мјузиклот заработи солидни 1,8 милиони долари, со исполнетост на капацитетот на театарот на Бродвеј од 99 проценти.

Најгледана претстава на Бродвеј и натаму е „Хари Потер и проколнатото дете“ кој заработи 2,4 милиони долари. Хамилтон заработи 1,9 милиони долари, а Викед 1,6 милиони.

Генерално по падот во минатата недела публиката се врати на Бродвеј и е забележан пораст на публиката од 8 проценти, како и раст на заработката на претставите од 6 насто.

 

Слични новости

Пол Макартни најави нов албум

Пол Макартни најави нов албум

Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај