Емилија Перез, мјузиклот на француски јазик за мексикански нарко бос, предводи со 14 номинации за Оскар, вклучувајќи и за филм на годината.
Американскиот мјузикл Викед има 10 номинации, повеќе и од Бруталист за кој се очекуваше да има најмногу номинации за оскар.
Бруталист, Конклава и Целосно непознат имаат по осум номинации, а победникот на Кан Анора шест номинации колку што има и Дина втор дел.
За режија се номинирани Жак Одиард за Емилија Перез, Шон Бејкер за Анора, Бреди Корбет за Бруталист, Корали Фаргејт за Суштината и Џејмс Манголд за Целосно непознат.
За главна машка улога, според очекувањата, номинирани се Ралф Фајнс за Конклава, Адријан Броди за Бруталист, Тимоти Шаламе за Целосно непознат, Себастијан Стан за Чиракот и Колман Доминго за Синг-Синг.
За споредна машка улога се номинирани Јура Борисов за Анора, Едвард Нортон за Целосно непознат, Киран Калкин за Вистинска болка, Гај Пирс за Бруталист и Џереми Стронг за Чиракот.
За главна женска улога номинациите им припаднаа на Синтија Ериво за Викед, Карла Софија Гаскон за Емилија Перез, Мики Мадисон за Анора, Деми Мур за Суштината и Фернанда Торес за сеуште сум тука.
Слични новости
Трамп ја прекинува соработката со Советот на ОН за човекови права
Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп подоцна во вторникот да ја прекине соработката на неговата земја со Советот за човекови права на Обединетите нации и да ја продолжи забраната за финансирање на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” добитник на BSC Special Achievement Award
Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на ИФФК „Браќа Манаки“
Почина познатиот српски новинар и колумнист Теофил Панчиќ
Писателот, колумнист и новинар Теофил Панчиќ синоќа почина по долго и тешко боледување, објави српскиот неделник време, каде што Теофил Панчиќ беше...