Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Њујорк имал средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Муцуснки на Фејсбук објави дека на средбата со Гутереш во седиштето на ОН, ја нагласил „значајната улога на организацијата во време на комплексни глобални предизвици, како што се вооружените конфликти, кршењето на човековите права, тероризмот, насилниот екстремизам, новите технологии и климатските промени“.

– Во однос на Агендата 2030 и одржливите развојни цели, заеднички се согласивме дека Пактот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Истакнав дека како држава остануваме подготвени да дадеме активен придонес во зајакнувањето на мултилатерализмот и унапредувањето на глобалниот дијалог. Ја реафирмирав нашата цврста посветеност на принципите на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, особено сега како членка на Советот за човекови права, напиша Муцуснки на својот Фејсбук профил.

globe

Слични новости

Aнгеловска-Бежоска: Реформите се важен фактор за привлекувањето странски инвестиции

Aнгеловска-Бежоска: Реформите се важен фактор за привлекувањето странски инвестиции

Реформите, вклучувајќи го и усогласувањето на нашата регулатива и практики со европските, се значаен фактор за привлекување странски директни инвестиции. А странските директни инвестиции во малите економии како нашата вообичаено се еден од двигателите на економскиот раст“, истакна гувернерката на Народната банка