Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Њујорк имал средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Муцуснки на Фејсбук објави дека на средбата со Гутереш во седиштето на ОН, ја нагласил „значајната улога на организацијата во време на комплексни глобални предизвици, како што се вооружените конфликти, кршењето на човековите права, тероризмот, насилниот екстремизам, новите технологии и климатските промени“.
– Во однос на Агендата 2030 и одржливите развојни цели, заеднички се согласивме дека Пактот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Истакнав дека како држава остануваме подготвени да дадеме активен придонес во зајакнувањето на мултилатерализмот и унапредувањето на глобалниот дијалог. Ја реафирмирав нашата цврста посветеност на принципите на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, особено сега како членка на Советот за човекови права, напиша Муцуснки на својот Фејсбук профил.
Слични новости
Филипче: Листите на чекање растат, лекови нема
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро ја критикуваше актуелната состојба во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за крајно неодговорно водење на здравствените политики
Директорот на Управата за извршување санкции потврди дека е најден телефон кај Јованов, најави дисциплинска постапка
Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов потврди дека кај 20-годишниот возач кој ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова, а кој е во притвор во „Шутка“, е пронајден мобилен телефон. Најавува дисциплинска постапка откако ќе биде утврдено кој го обезбедил телефонот, иако, како што вели, се сомнева дека се повеќе вработени лица
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
Податоците на УЈП покажуваат дека граѓаните вчера оставиле двојно помалку пари споредено со денот претходно, но и споредено со минатиот петок.