Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изјави во средата дека политиката нема право да се меша во академската слобода на Македонско-бугарската експертска комисија за историски прашања.
Муцунски нагласи дека обврската на членовите е исклучиво да дебатираат и да носат заклучоци врз основа на научни методи, без притисоци или поставување временски рамки.
„Политиката нема право да се меша во академската слобода. Обврската на членовите на таа комисија е да дискутираат, дебатираат и ако успеат да донесат некои заклучоци врз основа на нивните научни познавања. Така што, политиката ги има тргнато рацете, откако Владата ја предводи премиерот Мицкоски и откако јас сум министер за надворешни работи и надворешна трговија“, рече Муцунски.
Во врска со изјавата на бугарскиот копретседавач, поранешниот бугарски амбасадор во Скопје и Белград, Ангел Димитров, дека Комисијата стагнира, Муцунски истакна:
„Јас доколку навлезам во коментирање на тоа што го кажал господинот Димитров, а верувајте имам личен став како човек, односно многу работи што тој ги кажа во последниот период, тогаш веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува, да го политизираме тој процес. Јас единствено што можам да повторувам и често го кажувам тоа и како поединец којшто доаѓа од академската средина е да си работат како научници во рамките на таа Комисија“, додаде Муцунски.
Муцунски додаде дека нема да коментира за да не го политизира процесот, нешто што, според него, се случувало во минатото.
Комисијата неодамна ја одржа својата 38. редовна средба во Скопје. На средбата беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение, а дискусијата по оваа тема ќе продолжи на следната средба, која е закажана за првата половина на декември во Софија.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


