Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Тој информираше дека вкупно 116 пациенти со повреди во пожарот на концертот во Кочани се лекуваат во странски болници во 14 европски држави.
Трошоците за нивното лекување се покриени од државите домаќини, а патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоци за целата логистика за нивниот престој во странство е на нашата Влада.

Вкупно 38пациенти се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се испратени преку директна билатерална помош.
Најголем број од хоспитализираните во странство, 31, се во болници во Србија, 15 во Бугарија, по 12 во Турција и Грција, седум во Шпанија, по шест пациенти се на лекување во Австрија и Унгарија, пет во Хрватска, по четири пациенти во Белгија, Литванија, Италија, Шведска и Словенија и двајца пациенти во Полска.
Чешка и Израел испратија медицински тимови во Македонија, додека Романија, Луксембург, Норвешка и Финска, обезбедија логистичка поддршка за транспорт на повредените.
Слични новости
Кај двајца пациенти од пожарот во Кочани згрижени во Солун има одредено подобрување и се екстубирани
Во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти, а за денес нема најава за враќање други пациенти од странство, наведуваат во соопштението од Министерство за здравство
Мицкоски: Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми, подготвен сум да се сретнаме
Доколку претседателот на СДСМ има конкретен предлог и план што треба да се направи по тргедијата во Кочани стојам на располагање и подготвен сум да се сретнеме и да поразговараме на оваа тема, изјави премиерот
СДСМ побара одговорност од министерот Тошковски за нарушената безбедност во државата и несреќата во Кочани
Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски вели дека врвот на МВР и БЈБ треба да понесе одговорност и без селективност и без заобиколување да се утврдат сите лица кои имаат најголема одговорност за трагедијата