Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Тој информираше дека вкупно 116 пациенти со повреди во пожарот на концертот во Кочани се лекуваат во странски болници во 14 европски држави.
Трошоците за нивното лекување се покриени од државите домаќини, а патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоци за целата логистика за нивниот престој во странство е на нашата Влада.

Вкупно 38пациенти се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се испратени преку директна билатерална помош.
Најголем број од хоспитализираните во странство, 31, се во болници во Србија, 15 во Бугарија, по 12 во Турција и Грција, седум во Шпанија, по шест пациенти се на лекување во Австрија и Унгарија, пет во Хрватска, по четири пациенти во Белгија, Литванија, Италија, Шведска и Словенија и двајца пациенти во Полска.
Чешка и Израел испратија медицински тимови во Македонија, додека Романија, Луксембург, Норвешка и Финска, обезбедија логистичка поддршка за транспорт на повредените.
Слични новости
„Кој е следен“: Не сме поврзани со ниту една партија, сакаме да живееме во безбедна држава
Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“ пред маршот што треба да почне вечерва во 19:00 часот од плоштадот „Македонија“.
Митева: 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, кај 10 правни субјекти решенија за привремена забрана
Изминативе денови се направени 116 вондредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Преземени се повеќе чекори. Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти, кафулиња и клубови по Законот за угостителска дејност
Тим од пластични хирурзи ќе биде во Кочани за терапија на пациентите кога ќе се вратат од клиниките
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат.