Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.

Главни теми на состанокот се имплементацијата на одлуките од Самитот во Хаг, безбедносните предизвици со кои се соочува НАТО, мерките за зајакнување на способноста за одвраќање и одбрана, поддршката за Украина и подготовките за следната средба во јули 2026 година во Анкара.

Се очекува да бидат разменети информации за заедничките напори за продолжување на континуираната поддршка за Украина, како и размена на ставови за одговор на актуелните безбедносни предизвици и закани.

 

Слични новости

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија