Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.
Главни теми на состанокот се имплементацијата на одлуките од Самитот во Хаг, безбедносните предизвици со кои се соочува НАТО, мерките за зајакнување на способноста за одвраќање и одбрана, поддршката за Украина и подготовките за следната средба во јули 2026 година во Анкара.
Се очекува да бидат разменети информации за заедничките напори за продолжување на континуираната поддршка за Украина, како и размена на ставови за одговор на актуелните безбедносни предизвици и закани.
Слични новости
Димитријевиќ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре
Фирмата ’Дигитал оне’, е формирана на крај на август лани и сите овие тендери со владини и државни институции се во период од мај-ноември 2025. Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси девет милиони евра за само шест месеци, велат од СДСМ
Регистрирани нови 38 случаи на ХИВ/СИДА гоиднава во Македонија, осум лица починале
Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА
Утрово најстудено во Скопје -2, дневната темепратура од 7 до 13 степени
Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови – 1, додека во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија нула степени


