Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи . Тој потврди дека на последната владина седница предложил повеќе имиња, коишто ќе ги потврди по добивањето на агреманите.

Тој додаде дека поради фактот што оваа информација е од класифициран карактер не би можел да ги потврди имињата, но по добивање на агреманите и отпочнување на внатрешните процедури во државата, имињата ќе се потврдат и истите да ги одбранат своите тези пред Комисијата за надворешна политика во Собранието.

Владата на седницата во вторникот, како што објавија дел од медиумите, одобрила список од деветмина нови амбасадори и двајца генерални конзули, во Стокхолм, Букурешт, Приштина, Лондон, Хаг, Стразбур, Софија, НАТО и Софија, како и генерални конзули во Солун и во Мелбурн.

 

Слични новости

Филипче смета дека со помало луксузирање на власта реално е да се постигне минималец од 600 евра

Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво, а од овие пари само 7,5 милијарди денари се доволни за покачување на минималецот.

Доближени ставовите меѓу УПОЗ и Владата за покачување на платата

Финансискиот дел е речиси усогласен и прифатлив и за синдикатот и за Владата останува делот со условот кој централната власт го постави, откажување од општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори.