Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи . Тој потврди дека на последната владина седница предложил повеќе имиња, коишто ќе ги потврди по добивањето на агреманите.
Тој додаде дека поради фактот што оваа информација е од класифициран карактер не би можел да ги потврди имињата, но по добивање на агреманите и отпочнување на внатрешните процедури во државата, имињата ќе се потврдат и истите да ги одбранат своите тези пред Комисијата за надворешна политика во Собранието.
Владата на седницата во вторникот, како што објавија дел од медиумите, одобрила список од деветмина нови амбасадори и двајца генерални конзули, во Стокхолм, Букурешт, Приштина, Лондон, Хаг, Стразбур, Софија, НАТО и Софија, како и генерални конзули во Солун и во Мелбурн.
Слични новости
Нема одлагање на законот за пушење
Законот за пушење ќе стапи на сила по неговото донесување согласно роковите. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор
УХМР предупреди на високи водостои на Вардар и Треска
Според УХМР од денеска се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението, предупредуваат на внимателно движење покрај реките.
ЦУК: Поплави во Кичево, Гостивар и Сарај
Во Југозападниот регион, во Кичево е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов.


