Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи . Тој потврди дека на последната владина седница предложил повеќе имиња, коишто ќе ги потврди по добивањето на агреманите.
Тој додаде дека поради фактот што оваа информација е од класифициран карактер не би можел да ги потврди имињата, но по добивање на агреманите и отпочнување на внатрешните процедури во државата, имињата ќе се потврдат и истите да ги одбранат своите тези пред Комисијата за надворешна политика во Собранието.
Владата на седницата во вторникот, како што објавија дел од медиумите, одобрила список од деветмина нови амбасадори и двајца генерални конзули, во Стокхолм, Букурешт, Приштина, Лондон, Хаг, Стразбур, Софија, НАТО и Софија, како и генерални конзули во Солун и во Мелбурн.
Слични новости
Антонио Кошта утре во Македонија
Премиерот Мицкоски изјави дека за време на посетата на Кошта на Скопје очекува да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграција на државата во Европската Унија од, како што рече, вештачко билатерално барање на една земја членка.
ВМРО ДПМНЕ повторно го нападна Филипче за неговите позиции околу спорот со Софија
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повторно го критикуваше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се залага за спроведување на уставни измени без претходно обезбедени гаранции од Европската Унија.
Македонското образование тоне: Уким го нема ни во првите 2.000 универзитети во светот
Квалитетот на високото образование на најголемиот универзитет во земјава УКИМ, паѓа сѐ подолу и подолу. На неодамна публикуваната листа Глобал 2000 објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети нема ниту еден македонски универзитет.


