Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи . Тој потврди дека на последната владина седница предложил повеќе имиња, коишто ќе ги потврди по добивањето на агреманите.
Тој додаде дека поради фактот што оваа информација е од класифициран карактер не би можел да ги потврди имињата, но по добивање на агреманите и отпочнување на внатрешните процедури во државата, имињата ќе се потврдат и истите да ги одбранат своите тези пред Комисијата за надворешна политика во Собранието.
Владата на седницата во вторникот, како што објавија дел од медиумите, одобрила список од деветмина нови амбасадори и двајца генерални конзули, во Стокхолм, Букурешт, Приштина, Лондон, Хаг, Стразбур, Софија, НАТО и Софија, како и генерални конзули во Солун и во Мелбурн.
Слични новости
Големи гужви на граничните премини кон Грција
Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.


