Министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски во пресрет на утрешната средба со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, што ќе се случи на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, изјави дека за надминување на предизвикот со Бугарија е потребен дијалог во позитивен дух за прашања кои не обединуваат.

„Ние треба како соседи да разговараме од гледна точка на духот на добрата верба, да зборуваме за прашања кои не обединуваат, да престанеме да создаваме поделби и да престанеме да создаваме омраза. Логичниот и очигледниот начин како ќе се движиме напред со позитивна енергија и позитивен дух, е доколку се тргнат сите бариери коишто не содејствуваат со европските вредности. Затоа, не е прашањето дали во текот на утрешниот ден ќе се решат сите предизвици, верувам дека нема да се решат. За некои предизвици е потребно и време, потребни се разговори, потребен е дијалог, но сметам дека е можност за позитивен исчекор“, изјави министерот Муцунски за МТВ.

Ова ќе биде прва средба на високи претставници на двете земји по изборот на новата Влада во Софија..

Министерот Муцунски е дел од делегацијата што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен, во чиј состав се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Премиерот Мицкоски денеска во Минхен се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, со кого разговарале за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата да се отворат вратите на ЕУ.

Како што соопштија од Владата, Мицкоски посочи дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.  

globe

Слични новости

Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени

Протест во Кочани, се бара одговорност

Протест во Кочани, се бара одговорност

Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот