Проширувањето на ЕУ не е само технички процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.
Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Софија, во рамки на бугарското претседавање со иницијативата.
Муцунски нагласи дека во услови на војна во Европа, хибридни закани, дезинформации, енергетска несигурност и сајбер ризици, европската интеграција и регионалната соработка имаат уште поголемо стратешко значење.
Кредибилитетот на процесот зависи од доследното почитување на обврските, предвидливоста и принципот на заслуги.
На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати, а не на одложувања“, истакна Муцунски.
Слични новости
Послабо тргување, пониски приходи – добивката на Македонска берза падна за 42 отсто
Падот забележан во главниот извор на приливите од берзанските активности се одразил врз приходите кои изнесуваат 1,09 милиони евра и врз профитабилноста – добивката се намалила за 42,45 отсто.
Апелација го забрани штрајкот на контролорите на летање
Апелациониот суд во Скопје го забрани штрајкот на Струковиот синдикат на контролорите на летање. Адвокатот на М-НАВ вели дека и досегашните штрајкови на синдикатот на контролори на летање биле незаконски.
Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме Чебрен
Стратешки важната хирдоцентрала Владата ќе се обиде да ја гради сама без странски инвеститор. Цената е околу 1, 5 милијарди евра со камати – пари кои би се барале од меѓународните финансиски институции.


