Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја прокоментира вчерашната одлука на САД да престане со обработка на имигрантски визи за граѓаните од 75 земји, меѓу кои е и Македонија, за која вели дека е пауза поврзана со иселеничките визи.
„Не станува збор за црна листа ниту за прекин. Тука мислам дека е коректно пред целата македонска јавноста да кажеме дека ова не влијае на сите други постапки за визи за во САД“ рече Муцунски.
Оставете малку на времето, оставете на нашата комуникација и фактот што имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер. Во следниот период, можеби во следните шест месеци, дополнително позитивно ќе се изненадите што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава односно да почнеме да затвораме прашања кои 20 години се обидувавме да ги затвориме, порача Муцунски.
Слични новости
Лажна дојава за поставена бомба во кочанско училиште
МВР веднаш извршило проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.


