Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја прокоментира вчерашната одлука на САД да престане со обработка на имигрантски визи за граѓаните од 75 земји, меѓу кои е и Македонија, за која вели дека е пауза поврзана со иселеничките визи.

„Не станува збор за црна листа ниту за прекин. Тука мислам дека е коректно пред целата македонска јавноста да кажеме дека ова не влијае на сите други постапки за визи за во САД“ рече Муцунски.

Оставете малку на времето, оставете на нашата комуникација и фактот што имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер. Во следниот период, можеби во следните шест месеци, дополнително позитивно ќе се изненадите што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава односно да почнеме да затвораме прашања кои 20 години се обидувавме да ги затвориме, порача Муцунски.

Слични новости

Обвинителството објави снимка на која Стојанче ја удира Ивана само неколку часа пред таа да се самоубие

Обвинителството објави снимка на која Стојанче ја удира Ивана само неколку часа пред таа да се самоубие

Како доказ обвинителката Адела Бојчиќ презентираше видео снимка од катната каража позади судот во кое Стојанче и удира шамар на Ивана и тие се расправаат, по што таа се јавува некаде.