Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, денеска престојува во работна посета на Астана, Република Казахстан, со фокус на унапредување на економските и политичките односи помеѓу двете земји.

Во рамки на посетата, министерот Мучунски, заедно со директорот на Технолошко-индустриските зони, Гоце Димовски, и националниот координатор за туризам, Акан Махмуд, учествуваше на тркалезна маса организирана од Меѓународниот финансиски центар Астана. Покрај тоа, се сретна и со министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев.

 

Во контекст на заложбите на Владата за привлекување странски инвестиции, на средбите беше презентирана стабилната инвестициска клима и конкурентните услови што ги нуди државата – особено во индустрискиот и технолошкиот сектор, како и можностите за соработка во областа на туризмот. Двете страни се согласија за потребата од натамошно зајакнување на економската соработка, при што беше иницирана и идејата за организирање бизнис-форум во Скопје како конкретен чекор во таа насока.

globe

Слични новости

Петер Сијарто во посета на Македонија, потврдена поддршката за евроинтеграциите

Петер Сијарто во посета на Македонија, потврдена поддршката за евроинтеграциите

Разочарани сме што Брисел и западно европските држави постојано поставуваат пречки на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон Унијата, порача шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто