Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, денеска престојува во работна посета на Астана, Република Казахстан, со фокус на унапредување на економските и политичките односи помеѓу двете земји.
Во рамки на посетата, министерот Мучунски, заедно со директорот на Технолошко-индустриските зони, Гоце Димовски, и националниот координатор за туризам, Акан Махмуд, учествуваше на тркалезна маса организирана од Меѓународниот финансиски центар Астана. Покрај тоа, се сретна и со министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев.

Во контекст на заложбите на Владата за привлекување странски инвестиции, на средбите беше презентирана стабилната инвестициска клима и конкурентните услови што ги нуди државата – особено во индустрискиот и технолошкиот сектор, како и можностите за соработка во областа на туризмот. Двете страни се согласија за потребата од натамошно зајакнување на економската соработка, при што беше иницирана и идејата за организирање бизнис-форум во Скопје како конкретен чекор во таа насока.
Слични новости
Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани
За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.
Петер Сијарто во посета на Македонија, потврдена поддршката за евроинтеграциите
Разочарани сме што Брисел и западно европските држави постојано поставуваат пречки на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон Унијата, порача шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто
Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“
Меѓу 34-цата обвинети се и ексградоначалници, директори, инспектори и државни функционери како министри и секретари. Сите се гонат за исто кривично дело, тешки дела против општата сигурност